Генералниот секретар на НАТО ги нарече руските тврдења неодговорни.
Руските недокажани тврдења дека Украина планира да употреби „валкана бомба“ е очигледно лажна и Кремљ не смее да ја користи како изговор за ескалација на војната, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Русија сега лажно тврди дека Украина се спрема да употреби радиоактивна валкана бомба на својата територија. Сојузниците од НАТО го отфрлаат ова очигледно лажно тврдење. Русија често ги обвинува другите за она што самата планира да го направи. Го гледавме тоа и претходно, од Сирија до Украина. Русија ова не смее да го користи како изговор за ескалација на војната“,
кажа Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО ги нарече руските тврдења неодговорни.
„Какво било користење нуклеарно оружје во Украина моментално ќе ја смени природата на конфликтот“, кажа Столтенберг. Претседателот (на Русија Владимир) Путин знае дека во нуклеарна војна нема победник и никогаш не смее да се води. Во Москва знаат и дека такво нешто би предизвикало тешки последици“,
додаде Столтенберг.
Русија ја обвинува Украина дека планира да употреби таканаречена валкана бомба, обвинение што Киев и неговите западни сојузници го отфрлаат како операција со лажно тврдење што Москва може да го искористи како изговор за ескалација на војната против својот сосед.
Валкана бомба е оружје што комбинира конвенционални експлозиви како динамит и радиоактивен материјал како ураниум. Често се нарекува оружје за терористи, а не за држави, бидејќи е дизајнирано повеќе да шири страв и паника отколку да елиминира воена цел.
Украинските власти ги негираат обвинувањата на Москва, а министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба ги покани инспекторите на ОН да ја посетат Украина за да покажат дека немаат што да кријат.