Според него, постојат охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес може наскоро да го деблокира пакетот помош за Украина, вреден 60,84 милијарди долари
НАТО работи на можноста за испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, пренесуваат британските медиуми.
Според него, постојат охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес може наскоро да го деблокира пакетот помош за Украина, вреден 60,84 милијарди долари.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите ‘Патриот’“,
изјави Столтенберг од италијанскиот остров Капри, каде што учествуваше на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите од Г-7.
Тој додаде дека е охрабрен од посветеноста и одлучноста на сојузниците од НАТО да ја поддржат Украина.
Американскиот Сенат во февруари го одобри долгоочекуваниот пакет помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван по неколкумесечни политички расправии.
Пакетот вклучува 60 милијарди долари за Киев, 14 милијарди долари за војната на Израел против Хамас и 10 милијарди долари за хуманитарна помош во конфликтните зони, вклучително и во Газа.
Додека демократите беа за усвојување на законот, републиканците беа поделени и претходно се изјаснија и гласаа против овој закон.
Предлог-законот сега е во Претставничкиот дом, а за него ќе треба да се гласа оваа сабота.
Украинскиот премиер Денис Шмихал предупреди дека ќе дојде до „трета светска војна“ ако Украина го изгуби конфликтот со Русија, и го повика американскиот Конгрес да го усвои законот за странска помош.
„Овие пари ни се потребни вчера, не утре, не денес. Ако не се заштитиме, Украина ќе падне. Значи глобалниот систем за безбедност ќе биде уништен. И целиот свет ќе мора да најде нов систем за безбедност. Или ќе има многу конфликти, многу вакви војни. И на крајот тоа може да доведе до трета светска војна“,
рече Шмихаил зборувајќи за Би-би-си вчера во Вашингтон,