Одлуката на косовската влада за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички во РКС – Република Косово предизвика тензии во регионот кога Србите од Косово со барикади ги блокираа патиштата на северот на земјата. Тоа резултираше со одложување на одлуката за еден месец, односно во сила да стапи на 1 септември
Пред 10 дена Вучиќ и Курти се сретнаа во Брисел со цел да најдат решение во раки на дијалогот за нормализација на односите, но без конкретен резултат
Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг преку Твитер го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина околу личните документи.

„Го поздравувам договорот под покровителство на Европската Унија за слобода на движење меѓу Косово и Србија. Ги охрабрувам Александар Вучиќ и Албин Курти да ги решат преостанатите несогласувања преку политички дијалог. НАТО и КФОР ќе останат будни,“
напиша Столтенберг.
I welcome the EU-facilitated deal on free movement between #Kosovo and #Serbia. I encourage both @predsednikrs &@albinkurti to resolve outstanding issues through political dialogue. @NATO_KFOR remains vigilant.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) August 28, 2022
Србија и Косово вчера постигнаа договор за спорното прашање за личните документи. Комесарот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел вчера кажа дека договорот е постигнат со посредство на Унијата.
Србија се согласила да ги укине документите за лицата со лични карти од Косово, додека Косово да не ги воведува за лицата со лични карти од Србија.
Косовскиот премиер Албин Курти претходно денеска порача дека нормализацијата на односите мора да вклучува реципроцитет, што подразбира добрососедски односи. Курти преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите за поддршката и трпението и истакна дека реципроцитет е во духот на принципиелните разговори што се водеа во Брисел.
За договорот со Србија, Курти им се заблагодари на Борел, Лајчак и Ескобар (360stepeni.mk)
Владата на Косово претходно најави дека од 1 август ќе ја спроведе одлуката за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички во РКС – Република Косово, како и одлуката за издавање влезно-излезен документ на граница.
Одлуката на косовската Влада предизвика зголемени тензии во регионот кога Србите од Косово со барикади ги блокираа патиштата на северот на земјата, по што спроведувањето на одлуката беше одложено за еден месец, односно за 1 септември.
Косовската влада ја одложи одлуката за табличките и документите за еден месец (360stepeni.mk)
На 18 август во Брисел косовскиот премиер Албин Курти се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ со цел да најдат решение во рамки на дијалогот за нормализација на односите, но без конкретен резултат.Оваа недела во Косово и Србија престојуваа специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и пратеникот на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. Тие имаа низа средби со претставници на двете земји во обид да ги смират тензиите, по што изјавија оти разговорите ќе продолжат и натаму.