Опозицијата го спори фактот што во новиот закон се користи уставното име на земјата Северна Македонија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали неусвојувањето на новиот закон за одбрана го става во опасност членот пет на Повелбата на НАТО за колективна одбрана, потсети дека Северна Македонија секако ќе биде обврзана да го почитува.
Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата цо кој се регулира колективната одбрана односно тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.
„Членот пет за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом Северна Македонија ќе стане полноправна членка. Ние го потпишавме пристапниот протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз Северна Македонија, а членот пет ќе биде обврска“,
изјави Столтенберг.
Новиот закон за одбрана, со кој се зголемува усогласеноста на Северна Македонија со НАТО стандардите, не може да се усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство. Опозицијата го спори фактот што во новиот закон се користи уставното име на земјата, Северна Македонија.
*Поврзани вести
Се собираат по 80 гласа и за законот за ЈО и за законот за одбрана
Побрзо ќе стигне на гласање Протоколот за НАТО од законот за одбрана
ВМРО-ДПМНЕ гласаше за „Северна“ во Законот за служба во Армијата, но ѝ пречи во Законот за одбрана