Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ упати критики до Државната комисија за спречување на корупција која, иако е обврзана да ги предупреди овие лица кои се именувани од Владата, а немаат поднесено анкетни листови, истата не реагирала
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Емисијата 200“ на ТВ Алсат изрази сомневање дека по вчерашното објавување на аферата „Тајни имоти“ денеска, првиот работен ден после празник, е паднат системот за онлајн проверка на државниот катастар.

Тој исто така упати критики и до Државната комисија за спречување на корупција која, иако е обврзана да ги предупреди овие лица кои се именувани од Владата, а немаат поднесено анкетни листови, истата не реагирала.
„Огромен е бројот на именувани функционери и овој список е само дел од оние што немаат поднесено анкетни листови, но се луѓе што се доведуваат во корелација со функционери од власта кои се дел од системот на СДСМ и на ДУИ, дел од нивните организациски поставености и луѓе што настапувале партиски и по прес конференции и имале други партиски функции и се во релација блиска со определени функционери. Тоа е првиот момент. Вториот момент е што има законска можност и обврска ДКСК да ги предупреди. Нели тоа е првото тело? Првото тело е ДКСК, вториот е Обвинителството. Ниту ги предупредило и ниту имаат поднесено до сега. Дури и при промена од една функција на друга функција, тие луѓе не реагирале. ДКСК не реагира“,
потенцираше Стоилковски
Тој додаде дека обврска на ДКСК е да проверува кои државни функционери поднесуваат анкетни листови, а кои не.