Вчера во Србија официјално се потврдени 12 797 нови случаи на коронавирус, починаа уште 27 лица, бројот на хоспитализирани е 2 478, додека 102 пациенти се на респиратор
Премиерката Ана Брнабиќ најави дека денеска, во апсолутни бројки, бројот на новозаразени со ковид-19 ќе биде „катастрофален“.
Гостувајќи на ТВ Прва, Брнабиќ рече дека според податоците од 8 часот утринава ќе се постигне „нов негативен и неславен рекорд“ на бројот на новозаразени.
„Бројките, од осум наутро, се катастрофални, но добро е што клиничките слики се многу поблаги“,
вели таа.
Брнабиќ потсети дека е на сила се антиепидемиски мерки, кои доколку се почитуваат би имале стабилна состојба, како и тоа дека Србија ги има сите вакцини и лекови.
Таа рече и дека денеска ќе се одржи состанок на Министерството за образование со медицинскиот дел од Кризниот штаб и оти очекува нивниот предлог да присуствува на наставата.
Вчера во Србија официјално се потврдени 12 797 нови случаи на коронавирус, починаа уште 27 лица, бројот на хоспитализирани е 2 478, додека 102 пациенти се на респиратор.