Парламентот во Будимпешта денеска ќе разгледува нацрт-закон со кој на унгарскиот премиер му се овозможува да владее со уредби на неопределено време
Примерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја користи кризата со новиот коронавирус за да ги прошири своите ингеренции со нов закон, со кој може да ја продолжува вонредната состојба на неодредено време. Новиот закон содржи и одредби со кои Орбан би можел да ги ограничи давателите на информации и кога не е вонредна состојба, предупредуваат аналитичарите од интернет-страницата eurointelligence.com.
Унгарскиот парламент денеска ќе го разгледува нацрт-законот со кој на Орбан му се овозможува да владее со уредби на неопределено време. Парламентот може да ја укине вонредната состојба со мнозинство гласови, но партијата на Орбан, Фидес, и Христијанско-демократската народна партија (КДНП) имаат двотретинско мнозинство во парламентот, што значи дека премиерот има „одврзани раце“.
Новиот закон би овозможил суспензија на поединечни закони, отстапување од законските одредби или преземање на други вонредни мерки. Исто така, предвидува од три до осум години затвор за тие што ја кршат наредбата за изолација или карантин. Предвидена е и затворска казна од три до пет години за тие што шират дезинформации кои можат да предизвикаат паника.
Eurointelligence.com наведува дека унгарската армија минатата недела испраќаше униформирани тимови за контрола на поединечни приватни компании. Додека Министерството за одбрана соопшти дека армијата треба да ги обезбедува клучните индустрии, како транспортот, телекомуникациите и здравството.

Орбан во радиоемисија изјави дека во случај ако национализацијата е неопходна, војската и полицијата ќе мора да се присутни во тие компании.
Опозициската партија Јобик протестираше истакнувајќи оти компаниите може да бидат обврзани да продолжат со производството, но оти законот не предвидува присуство на армијата.