На средбата било истакнато дека одлуките кои се носат сега ја гарантираат иднината на земјата и затоа се потребни мудри и државнички потези кои водат кон просперитет, развој на демократските вредности и севкупен економски напредок
Сега е моментот кој треба Северна Македонија да го искористи за прифаќање на европскиот предлог, што понатаму значи и одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите за членство во ЕУ. Ова, според владиното соопштение, било констатирано на средбата на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Она што беше нотирано од страна на претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, е дека местото на Северна Македонија и Западен Балкан е во Европската Унија и тоа е единствениот пат кој води кон подобра иднина за сегашните и идните генерации“
се вели во соопштението.
Ковачевски и Фон дер Лајен уште еднаш потенцирале дека со европскиот предлог не се загрозуваат на ниту еден начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик.

„На средбата беше дискутирано дека, во контекст на новите гео-политички околности, многу е значајно деблокирањето на евроинтеграцискиот процес и почетокот на преговорите за нашето членство во Европската Унија што е важно за целокупниот напредок на Северна Македонија“,
велат од Владата.
На средбата било истакнато дека одлуките кои се носат сега ја гарантираат иднината на земјата и затоа се потребни мудри и државнички потези кои водат кон просперитет, развој на демократските вредности и севкупен економски напредок.