Премиерот Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, денеска се сретна со поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на Исламската верска заедница, на Католичката црква и на Евангелско – методистичката црква,, на која се разговарало за владините мерки за справување со коронавирусот.
Како што соопшти владината прес служба, верските лидери изразиле благодарност до премиерот Спасовски за отвореноста за соработка и силна поддршка да биде направено сè што е возможно од сите страни, за справувањето со ситуацијата.
Премиерот Спасовски ги информирал поглаварите за сите важни информации околу мерките што ги презема Владата за заштитата на здравјето на сите граѓани, додека поглаварите информирале за мерките што тие ги преземаат за поголема заштита на верниците.
„Заеднички е ставот дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и дека сите во државата, вклучително и верските заедници и верниците, треба да бидат на ниво на одговорноста со цел да се придонесе за спречување на можно ширење на болеста и непосакуваните последици“, се вели во соопштението.
*Поврзана вест