Ако пред распуштањето на парламентот не биде избран друг министер, со министерството за труд и социјална политика ќе раководи дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ, која е предлог на СДСМ.
Премиерот Оливер Спасовски испратил барање до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов министер за труд и социјална политика по разрешувањето на Рашела Мизрахи, потврдија од владата.
„Согласно член 44 став три од Закон за Влада потребно е да предложите кандидат за министер, кој ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика во Владата на Република Северна Македонија.“
се наведува во барањето на Спасовски до ВМРО-ДПМНЕ.
Владата вечерва во 21 часот ја одржува деветата седница, но во владиното соопштение не се наведени повеќе детали.
Инаку, Мизрахи беше разрешена на вчерашната седница во собранието со 62 гласа “за“ и “26“ против. Разрешувањето го побара премиерот Оливер Спасовски, откако Мизрахи неколку пати излезе во јавност пред табла во министерството со старото државно име „Република Македонија“.
Ако пред распуштањето на парламентот не биде избран друг министер, со овој ресор до изборите ќе раководи дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ, која е предлог на СДСМ.