Вршителот на должност ќе раководи со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија додека не заврши постапката за избор на наследник на Љубомир Јовески на функцијата, за која на огласот се пријавија тројца кандидати. До Советот, како што информира денеска претседателката на ова тело Душица Димитриеска, сè уште не стигнало барањето за мислење по однос на пријавените кандидати. Вели дека штом го добијат барањето, членовите на Советот ќе се изјаснат во законски предвидениот рок од 15 дена
Инаку, Јовески денеска беше присутен на седницата на Советот на јавни обвинители, најверојатно последна во неговиот мандат, а на која обвинителката од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Лиле Стефанова беше избрана за обвинител во републичкото Јавно обвинителство, во кое оди и Наум Пановски од Вишото јавно обвинителство
Советот на јавните обвинители в петок на седница ќе избере вршител на должност републички јавен обвинител, кој треба да го замени Љубомир Јовески сè од изборот на негов наследник.

Инаку, шестгодишниот мандат на сè уште актуелниот државен јавен обвинител Јовески истекува в понеделник, на 25 декември.
Советот ќе избира вршител на должност на оваа функција бидејќи сè уште трае постапката за избор на наследник на Јовески, за која на огласот се пријавија тројца кандидати.
До Советот, како што информира денеска претседателката на ова тело Душица Димитриеска, сè уште не стигнало барањето за мислење по однос на пријавените кандидати за функцијата.
Вели дека штом го добијат барањето, членовите на Советот ќе се изјаснат во законски предвидениот рок од 15 дена.
„Ние, кога ќе го добиеме барањето за давање на мислење, секако ќе го разгледаме на седница на Советот. Законскиот рок е 15 дена. Ќе го испочитуваме рокот, а во однос на мислењето за секој од пријавените кандидати имаат право сите членови на Советот да дадат свое мислење и врз основа на тоа ќе се изгради ставот на Советот на јавните обвинители“,
изјави Димитриеска по денешната седница на Советот.

За функцијата републички јавен обвинител конкурираат тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РС Македонија.
Огласот за нов државен јавен обвинител беше објавен на 29 ноември годинава од Собранието откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител.
Според Законот за јавно обвинителство, за јавен обвинител на Република Северна Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.
Откако пријавените кандидати ќе го поминат филтерот на Советот на јавните обвинители, чии членови во рок од 15 дена треба да дадат позитивно или негативно мислење, тоа оди до Владата, која до Собранието предлага еден кандидат што добил позитивно мислење.
Јавниот обвинител потоа го именува Собранието со мандат од шест години и за својата и работата на Јавното обвинителството на Република Северна Македонија одговара пред Собранието.
Тројцата кандидати за нов државен јавен обвинител, од кои еден се очекува да го наследи актуелниот Љубомир Јовески, имаат искуство во обвинителската дејност.
Фатиме Фетаи е обвинителка од 2011 година во ОЈО Скопје. На пошироката јавност ѝ стана позната откако во 2015 година стана дел од тимот на Катица Јанева, каде што остана до септември 2019 година.
По распаѓањето на СЈО се врати во матичното скопско обвинителство. Таа конкурираше и за обвинителка во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, но таму не ги доби потребните гласови. Од април 2021 година е во скопското Вишо обвинителство. Лани се пријави и за шеф на ова обвинителство, но во последен момент ја повлече кандидатурата.
Фетаи стана позната на јавноста кога премина во СЈО, каде што на прес-конференции ги презентираше отворените истраги, а меѓу предметите во кои таа ги застапуваше обвиненијата беа „Тенк“, каде што за набавката на луксузниот „мерцедес“ се осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, „Титаник 2“, каде што се обвинети Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешни членови на ДИК за локалните избори во Струмица во 2013, „Титаник 3“ против поранешни функционери од ДУИ, а беше и една од обвинителите кои го застапуваа обвинението во повторното судење за „Монструм“…
Лидија Раичевиќ е обвинителка во ОЈО Скопје од 2003 година, а еден мандат гонеше и организиран криминал и корупција. Меѓу предметите познати на јавноста се: за ексдиректорот на Онкологија, Нино Васев, за убиството на Пино Секондо, случајот „Ровер“, против Љубе Бошковски, и предметот „Еразмус“.
Љупчо Коцевски во адвокатурата е 16 години. Во 2008 е избран за обвинител во Вишо обивнителство Гостивар. Во јануари 2022 е унапреден во републичкото Обвинителство.
Доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата на Република Северна Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот.
Инаку, Јовески денеска беше присутен на седницата на Советот на јавни обвинители, најверојатно последна во неговиот мандат, а на која обвинителката од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Лиле Стефанова беше избрана за обвинител во републичкото Јавно обвинителство, во кое оди и Наум Пановски од Вишото јавно обвинителство.

Стафанова, како и Фетаи беше дел од тимот на СЈО, а како обвинител ги водеше случаите од висок профил – „Империја“, „Плацеви на Водно“, „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“.
Единствен активен предмет кој Стефанова го води во моментов е „Титаник“, што го отвора прашањето како ќе продолжи постапката во врска со него, откако денеска беше избрана за обвинител во републичкото Јавно обвинителство.
Од Обвинителството за ТВ Телма соопштиле дека допрва ќе се анализираат предметите што таа ги води, односно во која фаза и статус се, по што ќе се произнесат наредните денови.