Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку ден краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи во интервал од минус четири до четири Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од четири до 14 степени.
Во Скопје ќе има магла или ниска облачност, која преку ден се очекува делумно да се намали. Температурата во главниот град ќе се движи од нула од четири степени.
До недела, информираат од УХМР ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет.
Во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне сe уште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.