Постои растечка фрустрација од темпото на одговор на владата, јавуваат светските медиуми
Многу Венецуелци се со надеж дека нивните најблиски сè уште чекаат да бидат пронајдени

Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела се зголеми на 1 430, a најмалку 3 238 лица се повредени, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез.
Тој вели дека ова е најкатастрофалниот настан што го претрпела републиката во последните 123 години.
Со оглед на тоа што домовите им се срамнети со земја, се наведува дека 3 142 семејства се во засолништа.
Во меѓувреме, спасувачите се во трка со времето да ги извлечат преживеаните, додека клучниот 72. часовен прозорец се ближи кон крајот.
Еден од најемотивните моменти во текот на спасувачките мисии беше вадењето на новороденче од урнатините.
Сепак, тензиите растат и околу темпото и координацијата на одговорот на владата, јавува „Би-би-си“.
Земјотресите, со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, се случија со разлика од помалку од една минута, додека повеќето граѓани биле дома поради национален празник.
Земјотресите урнаа голем број згради во главниот град Каракас.
Многу Венецуелци се со надеж дека нивните најблиски сè уште чекаат да бидат пронајдени.
