Увид на местото на несреќата извршила кумановската полиција
Охриѓанец со автомобил марка „пасат“ вчера попладне удрил во метален столб на кој се поставени камери за видеонадзор на граничниот премин „Табановце“, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово.

„На 27 април во 18:30 часот е пријавено дека на граничниот премин ‘Табановце‘ се случила сообраќајна незгода, во која патничко моторно возило марка ‘пасат‘ со охридски регистарски таблички, а управувано од С.Љ. (59) од Охрид удрило во метален столб со камери за видеонадзор“,
се вели во соопштението од СВР Охрид.
Во незгодата нема повредени.