Додека детето се движело по улица во скопската населба Драчево, му се приближил мотоцикл управуван од едно лице, чиј сопатник бил 18-годишниот А. Х. од Скопје, кого момчето го познавало. Сопатникот на мотоциклот го фатил детето за рака, а возачот продолжил да вози, по што детето паднало и било влечено по улицата
Две лица со мотоцикл влечеле 12-годишно дете по улица, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за инцидентот што вчера попладне се случил во скопско Драчево.

За настанот во полиција пријавил дедото на 12-годишното дете, 71-годишниот Б.С. од Скопје.
Според пријавата, додека детето се движело по улица во скопската населба Драчево, му се приближил мотоцикл управуван од едно лице, чиј сопатник бил 18-годишниот А. Х. од Скопје, кого момчето го познавало.
„А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на мотоциклот продолжил да вози, по што детето паднало и било влечено по улицата“,
велат од полицијата.
Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
