Вкупно 18 деца до деветгодишна возраст се заразени со коронавирус, информираше на денешната прес-конференција епидемиологот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.
Кај сите деца, рече тој, клиничката слика е лесна и не била потребна долга хоспитализација.
Микиќ одговарајќи на прашање и дали Кочани се претвора во ново жариште на ковид-19, порача дека не само Кочани туку и секој друг град и секое населено места сега коже да биде потенцијален извор на ширење на заразата ако не се почитуваат мерките.