Освен моментално достапните воздухоплови, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, најави дека во текот на денешниот ден ќе пристигнат и два хеликоптери од Словенија, еден хеликоптер од Црна Гора и еден канадер од Хрватска
Вкупно десет воздухоплови во моментов се на располагање за гаснење на пожарите во земјава.

На располагање, како што информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, се трите „ертактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), двата турски „ертрактори“, еден полициски и два армиски хеликоптери и по еден противпожарен хеликоптер од Турција и Србија.
Освен моментално достапните воздухоплови, Ангелов најави дека во текот на денешниот ден ќе пристигнат и два хеликоптери од Словенија, еден хеликоптер од Црна Гора и еден канадер од Хрватска.
„Утре ќе имаме плус еден голем хеликоптер МИ-17 на МВР кој беше на сервис“,
информира директорот на ЦУК.
Соседна Србија утринава ги испрати противпожарниот хеликоптер Камов Ка-32 и седумчлениот екипаж од Хеликоптерската единица и на српското МВР кои треба да помогнат во гасењето на пожарите во земјава.
Вчера, пак, во земјава пристигнаа хеликоптерот и двата „ертактори“ испратени од Турција.