„Како одговор на вонредната состојба од шумски пожари во Северна Македонија, мобилизиравме помош преку Механизмот за граѓанска заштита на ЕУ“, објави еврокомесарот Јанез Ленарчиќ и се заблагодари за досега понудената помош
Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, се заблагодари на земјите од регионот кои понудија помош во справувањето со пожарите во С Македонија.
„Како одговор на вонредната состојба од шумски пожари во Северна Македонија, мобилизиравме помош преку Механизмот за граѓанска заштита на ЕУ. Им благодарам на Србија, Словенија и Турција што брзо понудија помош, распоредувајќи вкупно четири хеликоптери и два авиони за да помогнат во гаснењето на пожарите“,
напиша еврокомесарот Ленарчиќ во објава на социјалните мрежи.
In response to the #wildfire emergency in #NorthMacedonia, we have mobilised assistance through the #EUCivilProtectionMechanism.
— Janez Lenarčič (@JanezLenarcic) July 15, 2024
I thank #Serbia, #Slovenia and #Türkiye for offering assistance swiftly, in total deploying 4 helicopters and 2 aircrafts to help put down the ?. pic.twitter.com/RR39cNoyBB
На скопскиот аеродром вчера пристигнаа еден хеликоптер и два „ертрактори“ од Турција кои веќе интервенираат во гасење на пожарите на отворен простор на повеќе локации во земјава.
Освен помошта од турските власти, за денеска е најавено дека соседна Србија во земјава ќе испрати противпожарен хеликоптер Камов К-32 со капацитет од пет тони вода, седум припадници на српското МВР, Хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации.
Помош од еден авион Канадер и два екипажи кои треба да помогнат во гасењето на пожарите најави и Хрватска.
Премиерот Христијан Мицкоски викендов изјави дека помош за гасење на пожарите е побарана од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора.