
Полицијата уапсила 23-годишник од Општина Студеничани откако вчера во возило „фолксваген бора“ со велешки регистарски таблички, со кое тој управувал, биле пронајдени 12 мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.
Полицијата првично вчера околу 17 часот се обидела да го запре возилото на наплатната станица Романовце кај Куманово, но возачот не запрел. Потоа, во близина на селото Костурник, возилото повторно било запрено, по што возачот неуспешно се обидел да избега.
„Б.М. (23) и мигрантите им биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“,
велат од МВР.