На предвремени парламентарни избори во Бугарија кои се одржаа вчера се изјасниле и 413 бугарски државјани со право на глас во С Македонија. Најголем дел од нив својата доверба им ја довериле на Каракачанов и неговите партнери од коалицијата „Бугарски патриоти“.
Иако не успеа да влезе во бугарското Собрание, коалицијата на Красимир Каракачанов е победник на гласањето во Северна Македонија за предвремените парламентарни избори во Бугарија. Според последните податоци на Централната изборна комисија од 13:30 часот, од обработени 98,92 отсто од гласовите, во Северна Македонија, коалицијата Бугарски патриоти освоила 119 од вкупно 413 гласови или 28, 81 процент.
На изборите во април Каракачанов доби 216 гласа од лицата со бугарско државјанство кои своето право на глас го оствариле во С Македонија. Без оглед што овој пат одзивот беше помал, тоа е пад на поддршката за речиси половина.
Втора според бројот на освоени гласови во Северна Македонија е партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, која добила 92 гласа (22,28 проценти). Партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов пак, освои само 24 гласа (5, 81 процент).
За разлика од победата во Македонија, партијата на Каракачанов во Бугарија доби нешто над 3 отсто од гласовите и не успеа да го помине изборниот праг кој е поставен на четири проценти, што значи дека остана и без пратеници во новото Народно Собрание.
ПОВРЗАНА ВЕСТ: (ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА) Слави Трифунов со видео обраќање: Нема да правам коалиции, предлагаме наша влада
ПОВРЗАНА ВЕСТ: Слави Трифунов ќе праќа и „северномакедонски астронаут“ во НАСА покрај двајца бугарски