Реакцијата доаѓа откако е забележан тренд на пораст на нарачки на тестови за ковид-19 преку интернет, при што граѓаните сами се проверуваат
Професори од Факултетот за фармација во Љубљана испратија предупредување до граѓаните да не се тестираат сами за коронавирус бидејќи резултатите многу често се погрешни.
Реакцијата доаѓа откако е забележан тренд на пораст на нарачки на тестови за ковид-19 преку интернет, при што граѓаните сами се проверуваат. Но професорите велат дека многу често резултатите од овие нестандардизирани тестови се лажно позитивни.
Од Факултетот за фармација објаснија дека за потврдување на коронавирусот е потребна стандардизирана апаратура, со која грешката на потврдувањето е многу мала.