Со авион на компанијата „Кам ер“ вчера преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани од Авганистан
Сите државјани од Авганистан кои синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром се негативни на тестирањето за ковид-19, информираат од Владата за МИА.
„Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР-тестовите на ковид-19“,
велат од Владата.
Со авион на компанијата „Кам ер“ вчера преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани од Авганистан.
Како што информираа од Владата, веднаш по пристигнувањето во Скопје волонтерите од Црвен крст им поделиле пакети со вода, заштитни маски и основни хигиенски производи и флаери за мерките во нашата држава поврзани со ковид-19 вирусот.
Планирани се интернистички прегледи за повозрасните и педијатриски преглед за децата, а Министерството за здравство ќе им обезбеди и вакцина против ковид-19.