Од Сојузот на синдикатите денеска соопштија дека е одбиена жалбата на експретседателот Живко Митревски за упис во Централниот регистар
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека жалбата на поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски за упис во Централниот регистар е одбиена како неоснована.
Со тоа, според ССМ, е ставен крај на „обидите за манипулација на јавноста и на работниците“ и уписот на сегашниот претседател Дарко Димовски нвеќе не е спорен.
Митревски VS Димовски
Кон крајот на август, поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, кој пред 3 години беше сменет од функцијата, соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба за челната позиција во ССМ. Тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише како легитимен претседател на Сојузот на синдикатите.
Истиот ден, Димовски изјави дека судската одлука е да се врати назад на разгледување жалбата на Живко Митревски во Второстепената комисија, а не тој да се врати како претседател на ССМ.