Во инцидентот се повредени четири патници и една стјуардеса. Повредените првично биле згрижени во авионот, а по слетувањето на авионот во Келн биле однесени во болница
Пет лица се полесно повредени на лет на германската авиокомпанија „Еуровингс“ откако авионот од типот „ербас А320“ наишол на силни турбуленции во воздушниот простор над Сараево во Босна и Херцеговина. Турбуленциите на кои налетал патничкиот авион биле предизвикани од трагите што ги оставил многу поголем авион на „Емирати“.

Во инцидентот се повредени четири патници и една стјуардеса. Повредените првично биле згрижени во авионот, а по слетувањето на авионот во Келн биле однесени во болница.
Според специјализираниот портал „Авиејшн Хералд“, инцидентот се случил на 30 мај на летот од Родос до Келн, кога авионот на „Еуровингс“ летал на ниво од околу 10 970 метри, по што добил дозвола да се искачи повисоко ниво на кое во истиот воздушен простор пред него се наоѓал авион на „Емирати“ на летот од Дубаи до Лондон
За време на искачувањето, авионот на „Еуровингс“ одеднаш почнал нагло да се спушта бидејќи леталото влегло во комбинација од атмосферска турбуленција и силни воздушни вртлози што ги оставил авионот на „Емирати“. По слетувањето во Келн, авионот на „Евровингс“ останал на аеродромот четири и пол часа пред да биде вратен во употреба, а следниот лет бил одложен за околу три и пол часа.
