Во пресрет на средбата со Јотова, таа вели оти очекува разговорите да бидат продолжение на претходните контакти и можност за зајакнување на довербата меѓу двете земји
Пред почетокот на Самитот ќе се одржи и состанок на министрите за надворешни работи, на кој ќе учествува министерот Тимчо Муцунски. Средбата е посветена на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“
Самитот во Софија е завршен настан од едногодишното претседавање на Бугарија со ПСЈИЕ, по што претседателството ќе го преземе Романија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), каде што ќе се обрати на пленарната сесија посветена на темата „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“.

На маргините на Самитот, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерални средби со в.д. претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, и со в.д. претседателката на Косово, Албулена Хаџиу.
Деќе ќе се случи ваква средба во рамките на самитот од Процесот за соработка на Југоисточна Европа завчера во интервју за „360 степени“ потврди лично претседателката Сиљановска-Давкова.
Во пресрет на средбата со Јотова, таа вели оти очекува разговорите да бидат продолжение на претходните контакти и можност за зајакнување на довербата меѓу двете земји.
„Тоа е природно продолжение на нашата средба во Ереван – едно пријатно женско говорење. Мислам дека треба да го продолжиме тоа и затоа во текот на разговорот со вас ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба. Ако граѓаните не контактираат, ако во проекти заеднички не учествуваме… морам да кажам, кога првпат го сретнав господинот Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, но сите кои бевме присутни на работниот ручек каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние бона фиде да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не се повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите“,
кажа претседателката во пресрет на средбата со бугарската колешка.
- Претседателката Сиљановска ќе се сретне со бугарската колешка Јотова в среда во Софија
- Мицкоски за средбата на високо ниво во Софија: Како човек сакам да имаме добри билатерални односи, како премиер – да го заштитам идентитетот

Домаќин на Самитот е Бугарија, која годинава претседава со ПСЈИЕ. На собирот ќе учествуваат шефови на држави и високи претставници од земјите од регионот, меѓу кои претседателите на Албанија, Словенија и Црна Гора, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и министри за надворешни работи од повеќе земји од Југоисточна Европа.
Пред почетокот на Самитот ќе се одржи и состанок на министрите за надворешни работи, на кој ќе учествува министерот Тимчо Муцунски. Средбата е посветена на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“.
Во фокусот на дискусиите ќе бидат европската перспектива на регионот, унапредувањето на регионалната соработка, безбедноста, економската интеграција и справувањето со актуелните геополитички предизвици. Се очекува учесниците да усвојат заедничка декларација со која ќе ја потврдат посветеноста кон мирот, стабилноста, регионалната соработка и европската иднина на Југоисточна Европа.
На состанокот се очекува да биде усвоена заедничка декларација со која ќе се потврди посветеноста на учесниците кон мирот, стабилноста, одржливиот развој, регионалната соработка и европската иднина на Југоисточна Европа.
Самитот во Софија е завршен настан од едногодишното претседавање на Бугарија со ПСЈИЕ, по што претседателството ќе го преземе Романија.
За потсетување, ПСЈИЕ претставува највисок политички форум за регионална соработка во Југоисточна Европа и важна платформа за промовирање на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција на регионот.
Иницијативата започна во 1996 година токму во Софија.
Со текот на годините, бројот на земји учеснички се прошири на 13 и сега дел од ПСЈИЕ се Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Молдавија, Романија, Северна Македонија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.
