Шведските власти повикаа да се работи од дома барем до Нова година.
Ова доаѓа во период кога во државата се регистрирани повеќе од 80 000 лица заразени со коронавирусот.
Мерката има за цел да го намали бројот на луѓе на јавниот превоз, што претставува голем ризик од натамошно ширење на коронавирусот во текот на есента.
Од почетокот на епидемијата се регистрирани околу 80 100 заразени луѓе во Шведска, од кои 318 во последните 24 часа. Во таа земја починале 5 739 луѓе од Ковид-19.
За разлика од другите европски земји, Шведска не наметна карантин на своето население, што предизвика дискусии за ефективноста на стратегијата во борбата против ковид-19.
Властите веруваат дека краткорочните мерки не можат да бидат ефективни за долги периоди.