Регионалниот оддел за шумарство на провинцијата Мугла каде што избувна пожарот, соопшти дека пожарите, предизвикани од силните ветрови и температурите близу 40 степени Целзиусови, ги загрозуваат хотелските и станбените области во поморскиот град Икмелер
Минатото лето, големи шумски пожари избувнаа низ медитеранските и егејските региони на Турција, при што загинаа најмалку осум луѓе и многу животни. Тие пожари беа прогласени за најголеми во историјата на Турција
Пожарникари од копно и од воздух денеска се обидуваат да го изгаснат шумскиот пожар кој избувна во близина на станбени области во југозападна Турција, соопшти локалната управа за шумарство, потсетувајќи ги Турците на минатогодишните пожари што беснееја низ регионот.
Пожарот започна во туристичката област Икмелер, во близина на пристанишниот град Мармарис во провинцијата Мугла.
Регионалниот оддел за шумарство на провинцијата соопшти дека пожарите, предизвикани од силните ветрови и температурите близу 40 степени Целзиусови, ги загрозуваат хотелските и станбените области во поморскиот град Икмелер.
Турската крајбрежна стража го заштити заливот и го прекина поморскиот сообраќај во областа каде што канадери и хеликоптери земаат вода.
Минатото лето, големи шумски пожари избувнаа низ медитеранските и егејските региони на Турција, вклучувајќи го и Мармарис, поради високите температури и силните ветрови.
Тогаш загинаа најмалку осум луѓе и многу животни. Тие пожари беа прогласени за најголеми во историјата на Турција. Властите беа критикувани дека се слабо подготвени да се борат со големите шумски пожари, вклучително и поради недостатокот на модерни авиони за гаснење пожари.