Паралелно со неизвесноста за тоа дали ќе се соберат најмалку 80 гласа за одлука за пристапување кон измена на Уставот, најголемо внимание од собраниската седница предизвикува повикот на премиерот Зоран Заев за национално помирување и меѓусебно простување за настаните од 27-ми април.
На интерпретациите дека Заев понудил амнестија во замена за поддршка за уставните измени, стигнаа објаснувања дека помирувањето не значи тоа.
Славица Филиповска со поентите и анализа на првиот ден од дебатата, од која зависи дали до крајот на годинава ќе се организираат нови избори.
Напишете коментар