„360 степени“ претходно објави дека двајцата насилници од Штип се уапсени
Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и во медиумите беше објавено видео на кое се гледа како две момчиња тепаат девојче.
Како што веќе објави „360 степени“, полицијата ги уапсила насилниците од снимката. Станува збор за Пепи Р. и Стефан А. од Штип.
На видеото што се појави на социјалните мрежи се гледа како тие се изживуваат врз девојче, го клоцаат и го навредуваат.
Според Кривичниот законик, тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.