Актуелните градоначалник на Штип, Благој Бочварски од понеделник треба ќе замине од функцијата и ќе премине во извршната власт како министер за транспорт и врски откако се најде во предлог-составот на владата што до Собранието го достави мандатарот Зоран Заев.
На местото на Бочварски, ќе се назначи в.д. градоначалник, но најдоцна во рок од шест месеци ќе треба да се организираат локални избори за нов градоначалник. Заев најавува дека во игра се две опции.
„Верувам дека владата заедно со Советот на Општината ќе изнајде решение кога е најдобро, но пред сè во консултации со Министерството за здравство. Дали е најдобро да се оди на избори сега октомври-ноември или во февруари затоа што рокот е в.д. градоначалник да има најмногу шест месеци и после да се оди на избори. Верувам заедно ќе ја утврдиме одлуката и после ќе се оди на избори“,
изјави денеска Заев.
Новата влада во која ќе биде и Бочварски утре ќе се најде на дневен ред во Собранието. Дискусијата треба да заврши во недела кога се очекува и пратениците да ја излгасаат истата.