Во интервју за Канал 5, актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за уште еден мандат најавува дека во Генералниот урбанистички план кој ќе се усвојува во 2022 година ќе нема ознака за изградба на капацитети на тешката индустрија
Јужната обиколница која ги сече падините на Водно јас ќе ја избришам од ГУП-от, најави градоначалникот на Скопје и кандидат за уште еден мандат, Петре Шилегов вечерва во интервју за Канал 5.

Тој исто така вели дека во Генералниот урбанистички план кој ќе се усвојува во 2022 година ќе нема ознака за изградба на капацитети на тешката индустрија.
„Железарница и Цементарница, на пример, ќе мора да се иселат и за тоа е разговарано со нивниот менаџмент. Тоа ќе биде голем процес, но градот мора да се хуманизира“,
кажа Шилегов.
Тој додаде дека на Скопје му се случила бетонизација, бидејќи граѓаните не биле вклучени во процесите на носење одлуки и се надева дека ќе ја добие поддршката од невладиниот сектор, бидејќи, како што вели, се на иста линија по многу прашања.
„Тука е корпусот од каде јас ја очекувам поддршката и мислам дека и членството на СДСМ ќе се подразбуди, како и луѓето што не сакаат државата да се враќа назад и невладините организации“,
истакна Шилегов.
Според бројките објавени на ДИК, Петре Шилегов како кандидат на СДСМ во вториот круг од локалните избоори на 31 октовмри влегува со 78 783 гласа, а независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 86 698 гласа.
