Во четирите прифатни центри во Пчињскиот округ, каде што мигрантите доаѓаат од Северна Македонија, се сместени 1 300 бегалци
Во Србија, според податоците на Комесаријатот за бегалци и миграција, се наоѓаат околу 6.000 мигранти, додека во четирите прифатни центри во општините во Пчињскиот округ, каде што мигрантите прво доаѓаат по преминувањето од Северна Македонија, се сместени 1 300 мигранти, јави МИА од Белград.
Како што изјави претставникот на Комесаријатот за бегалци и миграции, Слободан Савовиќ, во прифатните центрите во Пчињскиот округ, мигрантит најчесто се задржуваат неколку недели, со исклучок на прифатниот центар во Врање, во кој се сместени семејства, кои во просек остануваат неколку месеци.
„Поради коронавирусот, мерките за заштита и безбедност се засилени. Немаме никакви проблеми. На мигрантите им е пружена здравствена заштита од почетокот на мигрантската криза“,
вели Савовиќ.
Според извештајот на РТС, нема зголемен прилив на мигранти од правец на Северна Македонија, а мигрантите во Србија од тој правец влегуваат во помали групи.
На граничниот премин Прешево се спроведуваат мерки против коронавирусот, каде што сите службеници носат заштитни маски и подготвени се секој сомнителен случај веднаш да го пријават на дежурната санитарна инспекција.
*Поврзани вести: МВР потврди: Во камион кај Миравци откриени 56 мигранти од Пакистан и Авганистан