Министерството за внатрешни работи официјално ги потврди информациите за нов случај на спречен шверц на мигранти што синоќа ги објави „360 степени“.
*поврзана вест Полицијата откри 60 мигранти во камион кај Миравци
„На 7.3.2020 г. во 19.50 часот, на автопатот Гевгелија–Скопје, кај клучката Миравци, при контрола на товарно возило ДАФ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д. (46) од Скопје, затекнати се 56 лица – мигранти, од кои 54 од Пакистан и двајца од Авганистан. И.Д. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против И.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава“,
соопшти МВР.
Во последните недели зачестија обидите за криумчарење мигранти во земјава, особено откако Турција ја крена рампата за нивен трансфер кон Грција и Бугарија. Сепак, најверојатно станува збор за мигранти кои од порано биле на територијата на Грција, а сега полесно се движат на север затоа што грчките полициски сили се концентрирани на граничната линија со Турција.
*поврзана вест ТВ 24: Мигранти од Авганистан влегоа на македонска територија