Потврдата за прележан ковид-19 да важи 180 дена, а не 45 како што е актуелната одлука, беше една од првите препораки што произлегоа од новиот состав на Комисијата за заразни болести пред две недели. Со ова, се усогласува времетраењето на сертификатот со другите земји во ЕУ и светот каде што потврдата за прележување на болеста важи до 180 дена
Во меѓувреме, Комисијата за заразни болести донесе уште неколку препораки
Сертификатите за прележан ковид во земјава и натаму важат само 45 дена, иако Комисијата за заразни болести уште пред две недели (на состанокот од 8 февруари) препорача продолжување на важноста до 180 дена.
На новинарско прашање дали Владата расправала за оваа препорака, портпаролот Михамед Хоџа рече дека досега за тоа не се дискутирало на седница, а за да дојде до Владата прво треба да го разгледа Главниот координативен кризен штаб.
„Препораката ќе биде на следниот состанок на ГККШ, а потоа и на Владата“,
рече кусо Хоџа.
Потврдата за прележан ковид-19 да важи 180 дена, а не 45 како што е актуелната одлука, беше една од првите препораки кои произлегоа од новиот состав на Комисијата за заразни болести.
Со ова, се усогласува времетраењето на сертификатот со останатите земји во ЕУ и светот каде што потврдата за прележување на болеста важи до 180 дена.
Во меѓувреме, Комисијата донесе уште неколку препораки од кои две од вчера: да се укинат задолжителниот негативен ПЦР-тест и сертификатите за вакцина или прележаност при излез од државата, како и онаа за враќање на бремените жени на работа, а притоа и апелот да се вакцинираат против ковид.