Во една од снимките соговорникот му забележува на Заев дека го вознемируваат бизнисменот Орце Камчев и дека тоа не му се допаѓа, на што лидерот на СДСМ одговара со: „Море ќе му е…. маме“
Четири аудио-снимки, најдолгата во траење од 41 секунда, се објавени на канал на „Јутјуб“ насловен „Bosko Buha“, на кои се тврди дека се слуша лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во разговор со непознат соговорник.
На една од снимките се слуша како соговорникот му вели на Заев дека СДСМ ќе изгуби на изборите, на што лидерот на СДСМ му одговара дека зборува како закоравен вмровец. Во разговорот се спомнуваат и СЈО и граѓански организации.
Во последната снимка, соговорникот му забележува на Заев дека го вознемируваат бизнисменот Орце Камчев и дека тоа не му се допаѓа, на што лидерот на СДСМ одговара со: „Море ќе му е… маме“.
Вчера излегоа четири снимки од разговор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Зоран Милески-Кичеец, единствениот досега осуден за „Рекет“, како договараат соработка за избори во Охрид и во други делови од Западна Македонија. Овие аудиоснимки беа објавени на каналот Јутјуб на корисник со име „Facts and Figures“.