Две возила се судриле на патот меѓу селата Чашка и Голозинци во близина на Велес. Како што информира МИА, седум лица се здобиле со повреди, а меѓу нив има две деца и една трудница.
Од итната помош во Велес велат дека за повредените се интервенирало со две возила на брзата помош и по укажаната помош биле префрлени во хируршки амбуланти и во општата болница во Велес.
Д-р Василка Пановска Поп Стефанова началник на итната помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес информира дека двете деца од кое едното во бесознание и со потешки повреди на главата, биле итно пренесени на хирушките клиники во Скопје.
Децата биле на возраст од три до четири години.
Портпаролката на општата болница во Велес, д-р Весна Неделковска Николова вели дека во Хирушкото одделение во велешката Општа болница се останатите пет повредени кои се со полесни повреди, меѓу кои уште едно дете, една трудница и тројца мажи.
„Извршени им се прегледи и рентген снимања и се утврдени полесни повреди, но оставени се на опсервација во болницата до утре изутрина“, информира д-р Неделковска Николова.