Седум лица од Кичево се приведени бидејќи биле затекнати како користат хероин.
„На 13 јануари 2021 врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Кичево извршиле претрес во домот С.М.(40) од Кичево, во кој живеела и Л.М.(26). При претресот биле пронајдени хероин, марихуана и прибор за користење дрога, а лицата А.К.(26), С.Х.(25), С.З.(22), Р.Б.(27) и С.К.(28), сите од Кичево, биле затекнати при користење хероин“,
информира Министерството за внатрешни работи.
Сите лица биле приведени и предметите им биле одземени. По целосно документирање на настанот ОВР-Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
