Со почеток во 14 часот, Владата ќе одржи седница преку видеоконференциска врска. Како што информираат од владината прес-служба, целта е почитување на мерките и препораките за спречување на ширењето на коронавирусот.
„За заклучоците од седницата, Владата ќе информира со соопштение по нејзиното завршување“,
велат од владината прес-служба.
И претходната владина седница се одржа онлајн. Можноста седниците да се водат онлајн или телефонски беше отворена откако Владата на 22 март го измени Деловникот за работа.

*Поврзана вест: (ФОТО) Спасовски, Филипче и Османи не дојдоа седницата на Советот за безбедност поради контакт со Димитриевски