Од денеска почнува да функционира пунктот за тестирање во поликлиниката Чаир, а до крајот на оваа недела ќе почне да работи и пункт во поликлиниката „Млин Балкан“, најави вчера министерот за здравство, Венко Филипче.
Системот на пријавување за тестирање останува ист, односно ќе оди преку матичните лекари.
„Комисијата во Министерството за здравство го заврши увидот во сите приватни здравствени установи, освен во една и во двете приватни болници ‘Жан Митрев’ и ‘Систина’, како и во лабораторијата ‘Авицена’, а во текот на утрешниот ден и во лабораторијата ‘Биотек’. Согласно со тоа, ќе се направи план и за искористување на тие капацитети, а во Фондот веќе работат на наоѓање начини на соработка“,
рече Филипче на вчерашната прес-конференција.
Подготвен е и системот на мобилни тимови и тој ќе почне да функционира деновиве во Скопје, пред сè за семејства и лица кај кои материјалот треба да се земе побрзо.
*Поврзана вест: Филипче: Влегуваме во најтешката фаза, сите да се однесуваат одговорно