Тој скокнал во водите на Преспанското Езеро, по веслата кои му паднале и не излегол од водата

Припадници на полицијата и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар трагаат по 71 годишен скојанец, кој скокнал во водите на Преспанското Езеро, по веслата кои му паднале и не излегол од водата.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека вчера, во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата.
Другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1 000 метри од брегот.
„Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Б.Ј.(71) од Скопје, кој ги запознал дека другото лице М.М.(71) од Скопје скокнал од чамецот и не излегол од водата. Полициски службеници и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“,
велат од МВР.
