Со ова завршува периодот на летно сметање на времето, по што деновите попладне ќе станат пократки, односно порано ќе се стемнува, но и порано ќе се разденува

В недела, 25 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Со ова деновите попладне ќе станат пократки, односно порано ќе се стемнува, но и порано ќе се разденува.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Изминатите години имаше иницијативи за прекин на праксата за промена на времето, но досега тоа не се случи.
Освен во државата, зимското сметање на времето се применува и во голем број европски земји, освен во Исланд, Русија и Белорусија.
Европскиот парламент во март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.
Сезонското менување на времето се применува и во повеќе земји од Северна и од Централна Америка, како и во повеќе држави во светот.
Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.
