Авионот се урнал на 23 август во вечерните часови во областа Твер, а Шукур Каримов потврдил дека со авионот управувал неговиот син Рустам
Таткото на Рустам Каримов (29), пилотот на „Ембраер“ кој се урна вчера во Русија, а во кој, според руските власти, бил шефот на групацијата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, почнал да работи во компанијата пред само три месеци.
Како што вели таткото на Рустам, Шукур Каримов, непосредно пред летот и се јавил на мајка си и ѝ рекол дека оди на патување. Не ни сонувале дека никогаш повеќе нема да го видат.
Авионот се урнал на 23 август во вечерните часови во областа Твер, а Шукур Каримов потврдил дека со авионот управувал неговиот син Рустам.
Тој открил дека неговиот син завршил пилотска академија во 2014 година и дека се оженил пред неколку години.
„На почетокот работеше за авиокомпанијата С7 и живееше овде во Перм. Кога започна пандемијата, тој ја загуби работата“,
изјави таткото за 59.ру.
Тој наведува дека Рустам повторно останал без работа со почетокот на војната во Украина, а дури неодамна почнал да работи во компанијата која го поседувала авионот што се урна.
„Пред три месеци ја најде таа работа, а пред само два месеци се пресели во Санкт Петербург. Пред летот и се јавил на мајка си и ѝ рекол дека оди на патување“,
раскажува Шукур.
Тој тврди дека Рустам не можел да знае кои се неговите патници на летот, а особено не дали меѓу нив бил и Евгениј Пригожин.
„Како може да знае кој е на списокот на патници, па тој е само пилот“,
изјавил Шукур.
Фото: 59.ру