ВМРО-ДПМНЕ зборува за непочитување мерки во изборна кампања, а токму таа партија и Мицкоски беа оние кои ги кршеа мерките за заштита од коронавирусот, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека изборите направиле нови кралстери, а Владата не преземала мерки за справување со пандемијата.
„Целата јавност го виде неодговорно и опасно однесување на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, сите видоа дека тој не се грижи за ничие здравје и затоа една прес-конференција преполна со лажни факти и манипулации тоа не може да го покрие. Лажната грижа на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните веќе не поминува кај никого и затоа на изборите добија казна каква што заслужуваат. Политиката едно зборувај, друго прави е целосно разобличена. Граѓаните добро видоа кој работи за заштита на јавното здравје, а кој го загрозува“,
се вели во партиското соопштение.