Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност, заложбите дадени пред граѓаните, дека правда во оваа држава има и ќе има и дека сите се еднакви пред законот.
Ова го велат од СДСМ и додаваат дека Владата предводена од нивната партија ќе остане посветена на градењето правна држава и борба против криминалот и корупцијата.
„Секој што се огрешил пред законот ќе одговара, а Владата со своите чесни и одговорни кадри во наредните четири години посветено ќе се бори за правна држава и неселективна правда. На ВМРО-ДПМНЕ, кој 11 години со криминал и корупција системски ги уништуваше институциите, ѝ пречи правната држава и веднаш негативно реагира, кога во државата се спроведуваат законите“,
се вели во соопштението на СДСМ.