Не е вистина дека меѓу СДСМ и ДУИ има договор за премиер, а исто така не е вистина дека се договорени персонални решенија и поделби на ресори, велат од Социјалдемократскиот сојуз.
Нивната реакција е демант на објавата на Канал5, во која се вели дека договорен е премиер по принципот три години за Зоран Заев, а една за Насер Зибери, со тоа што ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.
„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори“,
велат од СДСМ.
Додаваат дека доколку имма договор, тие јавно ќе го соопштат тоа.
„СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена. На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда. СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти“,
се вели во реакцијата на СДСМ.