Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без каква било контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните, велат од СДСМ

Продолжуваат партиските преписки околу гласањето на дијаспората. Од СДСМ повторно обвинуваат дека власта не се откажува од обидите за, според нив, изборен инженеринг и манипулација со над 200 000 гласови од дијаспората. Оттаму велат дека не се против гласање на дијаспората, туку против модел кој би отворил врата за изборен грабеж.
„Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без било каква контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните. На Мицкоски не му е важна Реформската агенда, тоа му е само параван за изборен грабеж. Лага е дека СДСМ е против гласањето на дијаспората, бидејќи иселениците гласаат и сега. Ние сме против модел кој отвора врата за изборен грабеж и манипулација со гласовите на 200 илјади граѓани од дијаспората“,
велат од СДСМ.
Опозициската партија цени дека власта треба да се повлече од „овие намери“ и да достави нов предлог каде ДИК со консензус би го регулирал гласањето на дијаспората.
ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:
