Ваква е реакцијата на опозицискиот СДСМ откако премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашња за напредокот на Украина и Молдавија на патот кон ЕУ, меѓу другото, рече дека за разлика од нас, овие две држави немаат опозиција која работи против интересите на својата земја и своите граѓани
Безобрано и крајно лицемерно е што Христијан Мицкоски денес се обиде да се скрие зад Украина и Молдавија и да ја обвини македонската опозиција дека работи против сопствената држава.

Ваква е реакцијата на опозицискиот СДСМ откако премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашња за напредокот на Украина и Молдавија на патот кон ЕУ, меѓу другото, рече дека за разлика од нас, овие две држави немаат опозиција која работи против интересите на својата земја и своите граѓани.
Од СДСМ обвинија дека додека Украина и Молдавија напредуваат кон Европа, премиерот Мицкоски ја држи земјава во изолација, бидејќи, како што велат, знае дека вистинскиот европски пат значи крај за неговата криминална структура. Оттаму дополнително ја обвинија власта за неспроведување на реформите.
„Затоа сега ја напаѓа опозицијата – за да го прикрие сопствениот неуспех и отсуството на каков било план за европскиот пат. Споредбата со Украина и Молдавија е срамна. Владите во тие земји не работат за Александар Вучиќ, не го блокираат сопствениот европски пат заради интересите на криминални структури и руски влијанија. Тие не соработуваат со Виктор Орбан, не земаат кинески кредити преку трети држави и не испраќаат членови на владата да преговараат за интереси на Кина, додека нивните земји се членки на НАТО“,
коментираат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека опозицијата не работи против државата, туку против политиката која Македонија ја држи надвор од Европа, која ја штити корупцијата и која личните и партиските интереси ги става над националните.
Коментаријаќи го отворањето на првиот од преговорите на Украина и Молдавија со ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски денеска направи неколку споредби меѓу овие две држави и нашата, во кои во најголем дел ја искритикува опозицијата, обвинувајќи дека и додека била на власт, а и сега, работи против интересите на сопствената држава.
