Николоски побара одговор од власта за средбите на лидерот на СДСМ Заев и неговиот брат со обвинетите во „Рекет“ Кичеец и Јанева врз основа на снимките од ПИ мерките кои беа објавени на вчерашното рочиште
Прес конференцијата на Александар Николовски е уште еден доказ за очајот од поразот на извршителот Христијан Мицкоски кој не успеа да го одбрани криминалот на Никола Груевски, се вели во реакцијата од владејачкиот СДСМ на синоќешната прес конференција на потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
„ВМРО-ДПМНЕ е очајна и штанца лаги, дезинформации и конструкции, прво преку нивните медиуми, а после и на прес конференции, кои немаат врска со реалноста, но со најниски напади, на семејството на претседателот Заев. Затоа и го праќаат на прес-конференција Николовски, кој веќе изгуби на суд за изречена клевета. Не ВМРО-ДПМНЕ, ние бараме се што повикуваат веднаш да се објави јавно и транспарентно. Да ги видат граѓаните и уште еднаш пред целата јавност да се потврдат лагите на оваа очајна партија“,
се вели во писмената реакција од СДСМ.