„Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на ‘Платформата за иднината на Мицкоски“, беше генерален секретар на СДСМ, потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров“, велат од СДСМ во денешното соопштение
Оттаму како особено апсурдно го оценуваат тоа што во платформата учествува и нивната пратеничка Славјанка Петровска која, велат од СДСМ, во 2024 година била носител на листа и министерка во владата предводена од оваа партија
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска упати остри критики кон Игор Ивановски и кон други приврзаници на платформата „Разговори за иднината“, оценувајќи дека станува збор за поранешни високи функционери на партијата кои денес се претставуваат како нејзини реформатори и спасители, иако, како што велат од СДСМ, имаат одговорност за изборниот пораз во 2024 година.

Критиките од СДСМ доаѓаат по вчерашното гостување на универзитетскиот професор и поранешен висок функционер на партијата во централниот „Дневник“ на телевизија Сител, во кој говореше за мотивите и причините за обединувањето на, како што ги нарече, своите сличномисленици во платформата „Разговори за иднината во 12:05“. Ивановски во интервјуто меѓу другото рече дека актуелниот лидер на партијата Венко Филипче, не може да се снајде во улогата што ја има, и тоа не од немање капацитет или незнаење, туку затоа што не сака, како и дека сè поочигледно станува дека потстои подземен договор помеѓу група и поединци во СДСМ со власта, за лични интереси.
Како што наведуваат од СДСМ, Ивановски на последните парламентарни избори во 2024, кога СДСМ ја загуби власта бил шеф на тимот кој ја пишувал програмата и го подготвувал програмскиот конгрес, заедно со Андреј Петров.
„Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на ‘Платформата за иднината на Мицкоски“, беше генерален секретар на СДСМ, потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров“,
велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Други ученисници во, како што ја нарекуваат од СДСМ, т.н. платформа, биле членови на Извршниот одбор и шефови на изборни птабови во првата изборна единица на изборите во 2024 година.
Сега, велат од Социјалдемократскиот сојуз истите луѓе кои биле дел од раководството и кои ја креирале програмата со која ги изгубиле изборите, се јавуваат како спасители на СДСМ и бараат реформи – но не од внатре, туку преку притисок однадвор, со вклучување на членови од други партии.
„Такво нешто не постои во светот само во циркус – Мицкоски“,
велат од партијата.

Оттаму како особено апсурдно го оценуваат тоа што во платформата учествува и нивната пратеничка Славјанка Петровска која, велат од СДСМ, во 2024 година била носител на листа и министерка во владата предводена од оваа партија.
„Тогаш кога рејтингот е полош, за тоа е крив некој друг, а таа сега ќе прави реформи? Во 2024 година имаше внатрепартиски избори. Во 2025 година повторно имаше. Зошто Ивановски, тогаш не направи своја реформска програма и не се кандидира против председателот Венко Филипче, кој победи со 18 000 гласови? Зошто не побара доверба од членството на СДСМ кога имаше шанса и кога беше на високи позиции во партијата? Затоа што оваа „платформа“ не е за реформи во СДСМ“,
се наведува во соопштението од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека ако сакале вистински да му помогнат на СДСМ, тогаш ќе ги прифателе повиците и понудите од претседателот Венко Филипче да се приклучат и да работат на јакнење на органите на партијата.
Оттаму го повторуваат својот став дека станува збор за проект на премиерот Христијан Мицкоски, кој симболично го нарекуваат платформа ЗНАМ 2.0, чија цел е понатамошно ослабнување и фрагментирање на опозицијата. Ова, како што наведуваат од партијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават по примерот на нивната сестринска партија во Србија – СНС и српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Сега, кога партијата е консолидирана, кога го врати угледот и довербата кај граѓаните, кога рејтингот расте, токму оние што, според нас, ја доведоа партијата до изборен пораз на претходните избори, денес бараат „реформи“?!Реформи за да ја разбијат партијата токму сега, кога таа претставува сериозна закана за ВМРО? Сега, кога рејтингот на Мицкоски е на најниско ниво поради неговите предизборни ветувања што не се остварија и секојдневни лаги?! Сега, кога ВМРО падна за повеќе од 150 000 гласови?! Истите тие ‘реформатори’, кои, според нас, сносат одговорност за изборниот пораз, сега се обидуваат да го урнат СДСМ“,
велат од опозициската партија.
„Нема да ви помине“ е пораката што на крајот од соопштението ја упатуваат социјаледмократите од Бихаќа до, како што ги нарекуваат, сателитите на Мицкоски.
Инаку, универзитетскиот професор и поранешен висок функционер на Социјалдемократскиот сојуз, Игор Ивановски во средата ја модерирал средбата на членови на партијата од различни генерации и граѓански активисти кои немаат партиски профили, под името „Разговори за иднината во 12:05“ на која, како што беше наведно во соопштението што го објавија по настанот, било закулечено дека на прогресивната демократска јавност во земјава ѝ е потребна суштинска и објективна дебата, која мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските лидери.

Прашан во вчерашното интервју дали стравува дека може да биде исклучен од партијата, а во контекст на изјавата на Филипче дека ограните на СДСМ следната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката и ексминистерка за одбрана Славјанка Петровска на состанокот, Ивановски рече дека тоа не можат да го направат луѓе или човек кој не е асоцијација или дел од историјата на СДСМ, алидирајќи на претседателот Венко Филипче.
