„Венко Филипче е одличен хирург, да не кажам најдобриот, тоа не е мое да го судам нели, и тоа мислење го имам сè уште, тој секогаш сака да помогне, но јас и во изминатиот период и сега јавно, и тоа ќе биде прв и последен пат да говорам за него како претседател на СДСМ, тој во таа улога не може да се снајде. Дали е поради немање капацитет, дали е незнаење, што е легитимно, но можеби и несакање. Јас мислам дека е ова последното“, изјави Ивановски во вечерашното гостување во централниот „Дневник“ на телевизија Сител
Ивановски рече оти сè поочигледно станува дека потстои подземен договор помеѓу група и поединци во СДСМ и власта, за лични интереси
Социјалдемократкскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и нејзиниот претседател Венко Филипче се две фундаментално различни работи. Ова вечерва во гостување во централниот „Дневник“ на телевизија Сител го кажа универзитетскиот професот и поранешен висок функционер на СДСМ, Игор Ивановски, кој во средата ја модерирал средбата на членови на СДСМ од различни генерации и граѓански активисти кои немаат партиски профили, под името „Разговори за иднината во 12:05“ на која, како што беше наведно во соопштението што го објавија по настанот, било закулечено дека на прогресивната демократска јавност во земјава ѝ е потребна суштинска и објективна дебата, која мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските лидери.

Настанот уште пред да се одржи предизвика остри реакции од Социјалдемократскиот сојуз од каде го оценија како нов проект на власта за ослабување и фрагментирање на опозициската партија, симболично нарекувајќи го „ЗНАМ 2.0“.
Објаснувајќи ги причините за средбата, која се одржа зад затворени врати во еден скопски хотел по принципот „Chatham house rules“ (затворен состанок се цел отворено и слободно да се дискутира за сензитивни или контроверзни теми), Ивановски рече дека била состојбата на политичката сцена во моментов, на која од една страна има, како што кажа, неоправдано силна власт, а од друга – опозиција која не може да го артикулира се позасиленото опозициско расположение во државата.
Присутните на состанокот, вели, се негови сличномисленици, со кои имале континуирана дебата и подготовка за она што се случува во државата и потребата што се налага да му се помогне на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
„Тоа е едно сценарио во коешто имаме неоправдано силна власт, владејачка коалиција, којашто има висок рејтинг, иако не испорачува резултати, ние имаме сиромашно кадровска влада што не генерира резултати, не ги исполнува очекувањата, еве на половина мандат е, нема ниту едно крупно прашање и ветување од нивна страна што е реализирано, и од друга страна, кога би очекувале дека сè ова е точно и тоа е мојот став како опозиционер, како социјалдемократ, би очекувале дека треба да имаме раст на опизициското расположение кое што е евидентно. Опозициското расположение во државата расне, но тоа не е поврзано со оние кои што во моментот се на политичкиот пазар, за жал, впрочем и СДСМ под водство на претседателот Венко Филипче. И јас веднаш на почетокот сакам да направам дистинкција од СДСМ и претседателот Венко Филипче, бидејќи тоа се фундаментално две различни работи“,
рече Ивановски.
Кога разговарале со, како што ги нарече, неговите колеги и колешки, рекле оти сметаат дека треба дополнително да помогнат на СДСМ на вистински начин, во ситуација кога, според експартискиот функционер, во партијата нема суштинска дебата и проблемите се игнорираат.
„Кога нема дијалог, кога нема дебата за суштинските прашања внатре во партијата и тоа се игнорира дека тоа ќе мора да го направиме на друг начин, со луѓе коишто не се оптоварени со функции, кои не одат на избори, кои немаат, ниту посакуваат партиски функции, за да отвориме доверлива, искрена, чесна дебата, и на тој начин да детектираме, да дијагностицираме и да понудиме решенија, сепак ова е прва средба и ја направивме на тој начин. И јас чесно, како и што се договоривме со сите луѓе на таа маса, а ќе има и други средби секако, можам да говорам само за она за кое заеднички се договоривме“,
изјави поранешниот потпретседател на СДСМ.
Говорејќи од свое лично име, тој се осврна на раководењето со партијата од страна на нејзиниот актуелен лидер Венко Филипче, кого рече го знае од 17-годишна возраст и нема ништо лично против него, но смета дека не може да се снајде во улогата што ја има во СДСМ, и тоа не од немање капацитет, незнаење, туку затоа што не сака.
„Нема веројатно друг којшто повеќе од мене посакувал тој да успее како претседател на СДСМ. И во изминатиот период континуирано учествував со мои сугестии, предлози, мислења, и не само јас, туку и дел од луѓето кои најдобронамерно седеа на таа маса (на средбата во средата н.з.). На пример, јас лично мислев дека Венко Филипче како претседател треба да направи целосен дисконтинуитет на СДСМ, за партијата да биде конкуретна, да има нов почеток, кадровски, програмски, концептуален. Јас знам дека, и за тоа немам поинакво мислење, да, Венко Филипче е одличен хирург, да не кажам најдобриот, тоа не е мое да го судам нели, и тоа мислење го имам сè уште, тој секогаш сака да помогне, но јас и во изминатиот период и сега јавно, и тоа ќе биде прв и последен пат да говорам за него како претседател на СДСМ, тој во таа улога не може да се снајде. Дали е поради немање капацитет, дали е незнаење, што е легитимно, но можеби и несакање. Јас мислам дека е ова последното“,
изјави Ивановски.

Како аргумент за ова свое тврдење, тој го наведе тоа што, според него, во изминатиот период давале добронамерни совети, без да побараат ништо за возврат, но од другата страна наишле на, како што кажа, манипулации и неговорење на вистината, односно на затворени врати.
„И знаете кога од другата страна ќе имате еден континуитет на манипулирање, на неговорење на вистината, да не употреба преголеми зборови, но јасно е, одлучувате дека тој ја затвора вратата. Впрочем тоа се случи и со рекацијата на она што ние тргнувајќи најдобронамерно понудивме помош на СДСМ, за да ја отвориме и да ја посочиме правата дебата, тие реагираа на еден дефинитивно неадекватен начин“,
кажа тој.
Ивановски рече оти сè поочигледно станува дека потстои подземен договор помеѓу група и поединци во СДСМ и власта, за лични интереси.
„Ќе бидам директен, за слобода. Очигледно постои, тој договор е со власта. И затоа имаме вакви апсурдни ситуации, да имаме нереално многу силна владејачка коалиција, која според мене неоправдано има ваква поддршка и виртуелна, фрагментирана, слаба опозиција“,
рече тој.
Наведе дека не работи, ниту има намера да работи на формирање нова политичка партија заедно со неговите колеги и колешки од „Разговори за иднината во 12:05“ или за какви било слични алтернативи.
„Јас сум во СДСМ од мои 17 години, ниту ми паѓа на памет, ниту имам намера да наштетам, ниту да работам на формирање на нова политичка партија заедно со моите колеги и колешки, ниту пак, за било какви слични алтернативи кои можат да призвучат, така. Не! Тоа го кажавме неколкупати, сега директно за целата македонска јавност, пред сè за членовите на СДСМ и на симпатизерите, тоа го кажувам. Бидејќи, тоа е клучниот момент, сега треба да се помогне на СДСМ, но на вистинскиот начин и ние мислиме дека тоа го правиме“,
изјави Ивановски.
На прашањето дали стравува дека може да биде исклучен од партијата, а во контекст на изјавата на Филипче дека ограните на СДСМ следната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката и ексминистерка за одбрана Славјанка Петровска на состанокот, Ивановски рече дека тоа не можат да го направат луѓе или човек кој не е асоцијација или дел од историјата на СДСМ, алидирајќи на претседателот Венко Филипче.
Говорејќи во таа насока, тој упати предупредување до раководството на СДСМ да престане со, како што кажа, дискредитации и сериозни конструкции за луѓето што биле на средбата и нивните семејства, од кои дел не се ниту членови на СДСМ. Нападите, рече тој, нека ги насочат исклучиво кон него, но не и кон тие луѓе.
„Јас сум член на партијата од 1994 година и тоа ќе останам до крајот на животот. Но, она што е пострашно и сакам за прв и последен пат да пратам јавно предупредување, да прекинат со дискредитациите, изживувањето или сериозните конструкции што ги прават кон луѓето што беа на таа маса и нивните семејства. Ако имаат проблем, еве нека ме напаѓаат мене, нека измислуваат, нека дискредитираат, како што тоа го прават и сега, ќе издржам, ама да ги напаѓаат луѓето кои некои од нив не се ниту членови на СДСМ или да размислуваат дека можат да исклучуваат пратеници, градоначалници, основоположници на СДСМ е надвор од умот“,
рече Ивановски.
Тој посочи дека ако актуелното раководство на СДСМ продолжи со истото однесување, на крајот ќе остане само претседателот на партијата да се исклучи самиот себе, а после тоа да го исклучи и светлото во СДСМ.
„Е тоа нема да го дозволиме“,
рече Ивановски.
